-->
-->
Формирана „Коалиција за промени и правда“
-->
Политичките партии „Демократски сојуз (ДС) и МОРО - Работничка партија, здружението ДЕМОС и движењето ФРОДЕМ денеска основаа „Коалиција за промени и правда“ (КПП).
Коалицијата е за заедничко дејствување во, како што беше истакнато на промоцијата, услови на исклучително сложена политичка состојба.
Павле Трајанов, претседател на ДС рече дека нивната платформа за дејствување е одговор на граѓанскиот предизвик да се формира нов, силен политички блок, кој, како што наведе, ќе дејствува за да се случат промени и правда во Македонија.
- Наша цврста определба е дека во Македонија мора да се спроведат длабоки реформи, за да се создадат услови за фер, демократски и кредибилни избори, рече Трајанов, оценувајќи дека „изборите ќе се одложат и оти е потребно формирање експертска влада од врвни професионалци“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборни активности на независните кандидати и помалите партии
-
Со 10.000 бруцоши почна новата академска година
-
Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат
-
Бизнисот испорача барања до Владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година