„Форми во црно” - изложба на мултимедијалниот уметник Мице Јанкуловски
„Форми во црно” е насловена изложбата на мултимедијалниот уметник Мице Јанкуловски која вечер од 20 часот ќе биде отворена во музејот „Куќа на Робевци“ во Охрид.
Со изложбата се одбележуваат 50 години уметничко творештво на Јанкуловски, кој до крајот на годинава ќе има самостојни изложби И во Прилеп, Куманово и Тетово и меѓународни претставувања во Торино, Санкт Петербург и Солун.
Куратор на изложбата е Корнелија Конеска, а ќе ја отвори д-р Мелани Зеферино од Италија, автор на текстот „Формите во царството на естетската меморија” за творештвото од „Форма 3” на Јанкуловски.
Мице Јанкуловски (1954, Сливово, Охрид) од најрана возраст истражувал различни дисциплини во уметноста – од цртеж до слика, користејќи различни материјали и техники, вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво опфаќа различни медиуми и го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност која постојано се менува.
Добитник е на највисоки меѓународни награди за творештво. Оваа година ја доби Наградата за животно остварување „Лоренцо ил Магнифико” на Биеналето во Фиренца, минатата година – наградата „Уметник на светот” на Биеналето во Ларнака, а во 2017-та – Гран-при на Меѓународното биенале на графика во Варна…
Изложбата „Форми во црно“ во Охрид ќе биде отворена за посетители до 15 август.
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил