-->
-->
Фон дер Лајен утре во Скопје
-->
– Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, утре од Скопје ја започнува турнејата низ земјите од Западен Балкан, чија цел, како што велат од Брисел, е да се потврди посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот.
Oд владината прес-служба, најавија дека шефицата на ЕК ќе биде пречекана од премиерот Димитар Ковачевски и министри на платото пред Владата.
Фон дер Лајен по престојот во Скопје, на 27 октомври ќе замине за Приштина, а потоа и во Тирана. На 28 октомври ќе биде во Сараево и Белград, а посетата на регионот ја завршува во Подгорица на 29 октомври.
Покрај европерспективата на регионот, во фокусот на нејзината турнеја се и војната во Украина и енергетската криза.
Како што и самата најави минатата недела од Стразбур еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
