Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поддржа предлогот за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина и порача дека ЕУ е подготвена да воведе дополнителни санкции против Русија, доколку примирјето биде прекршено.
„Топката сега е на теренот на Русија“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“.
„Подготвени сме да го задржиме силниот притисок врз Русија и да воведеме дополнителни санкции доколку примирјето биде прекршено“, изјави таа.
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на директни преговори меѓу Украина и Русија во рамките на 30-дневниот прекин на огнот.
-Ако се постигне примирје од 30 дена, ќе започнеме директни разговори меѓу Украина и Русија. Подготвени сме да помогнеме, изјави Макрон за француските медиуми, предупредувајќи дека ако Москва не го прифати примирјето, ќе има дополнителни „многу построги“ санкции.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така, ја предупреди Русија на сериозни последици доколку го одбие 30-дневниот прекин на огнот и последователните мировни преговори за запирање на војната.
-Ќе има масивно заострување на санкциите и дополнителна поддршка за Украина, вклучувајќи политичка, финансиска и воена помош, изјави Мерц за весникот „Билд“.
Тој истакна дека Соединетите Американски Држави ќе ја поддржат оваа мерка, додавајќи дека трпението на американскиот претседател Доналд Трамп кон рускиот претседател Владимир Путин се намалува во обидите да се стави крај на повеќегодишната војна.
„Топката сега е кај Путин, и тој треба да одговори на овој предлог“, нагласи Мерц.
Ново на Сител
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија
-
Калас: Ризикот од ескалација на Блискиот исток е опасно висок
-
Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота
-
Приведен 67-годишник од Крушево кој управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта
-
Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група
-
Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
-
Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади
-
Тајани: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје