Флекс брокер: Една година сигурност, доверба и најбрз раст на осигурителниот пазар

Скопје, 2 декември 2025 - Осигурителното брокерско друштво Флекс брокер, дел од групацијата Флекс, одбележува една година од своето формирање – година исполнета со забрзан раст, силно присуство на терен и надминување на сите почетни проекции.
Иако компанијата беше основана во една од најтурбулентните години за осигурителниот сектор, период во кој довербата во брокерските друштва беше значително нарушена, Флекс брокер успеа да стане препознатлив избор за над 15.000 клиенти, со реализирани над 80 милиони денари премија, што ја позиционира компанијата како најбрзорастечко брокерско друштво во државата.
Во изминатите 12 месеци компанијата го зголемуваше своето присуство на пазарот формирајќи мрежа од над 110 продажни локации низ Македонија, ја зајакна соработката со сите водечки осигурителни компании, креираше пакет-понуди за автомобилско, домаќинско, патничко и приватно здравствено осигурување и го прошири тимот кој денес брои 27 вработени. Тимот на Флекс брокер е поддржан од партнерската структура на групацијата Флекс, која покрај финансиското друштво Флекс кредит, ги вклучува и брендот Земи пари и Националната агенција за наплата – НАН.

„Годината што ја оставаме зад нас беше доказ дека свесност, доверба и вистински пристап кон клиентите можат да го променат пазарот,“ изјави Александар Атески, директор на Флекс брокер. „Нашата мисија останува иста – да обезбедиме најлесно, најбрзо и најсоодветно решение за сите осигурителни потреби на граѓаните. ‘Сигурноста почнува со нас’ не е само слоган, туку принцип по кој работиме секојдневно“.
Визијата на Флекс брокер подразбира зголемување на свесноста за потребата од осигурување и персонализиран пристап кон креирањето на понуди врз основа на реалните потреби и можности на граѓаните. Флекс брокер се позиционира како брокерско друштво кое гради долгорочни односи со фокус на професионалност, интегритет и фер однос кон клиентите.

Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
