ФИТР ќе ги објави најдобрите ученички истражувачки проекти од вториот повик
Фондот за иновации и технолошки развој денеска на завршен настан во Градскиот парк ќе ги објави избраните најдобри проекти на ученици од основни и од средни училишта кои аплицираа на вториот повик „Предизвик за млади истражувачи“.
На повикот кој траеше од 1 февруари до 31 март 2019 се пријавиле 88 основни и средни училишта од целата земја, а во финалето влегоа шеесет и три.
Максималниот износ за поддршка по проект е 300.000 денари. За изборот на проектите одлучува комисија со претставници од ФИТР, МОН, Народна техника и од други институции.
ФИТР во соработка со Министерството за образование и наука втора година го организира повикот за проекти на млади истражувачи со цел кај учениците да поттикне критичко и креативно размислување и да стимулира иновативни идеи.
Ново на Сител
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот