Честитки од политичарите за Божиќ
Претседателката, Премиерот и лидерот на опозицијата утринава на исто место во Соборниот храм присуствуваа на Божиќната литургија. Меѓу себе си го честитаа празникот во Храмот, а во изјавите упатија честички и до граѓаните. Фотографиите како Филипче се поздравува со Сиљановска Давкова и со Мицкоски ги објави СДСМ.
- Ден над деновите за сите христијани. Како и што Архиепископот неколкупати нагласи, дека ова ќе значи, знаеме дека ѕвездата од Витлеем не води и најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден, посакувам вечен да е, изјави Гордана Сиљановска Давкова, Претседател.
- Христос се роди, навистина се роди. Нешто што преставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред сѐ здравје, затоа што здравјето е најважно, а потоа сите убавини на овој свет во нивните домови да им се случат. Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес во секој план, тоа нормално го посакувам и за тоа како Влада во годината којашто следи ќе работиме, рече Христијан Мицкоски, Премиер.
- Посакувам мир во овие празнични денови, на начин како што налага традицијата во кругот на семејството, пријателите и блиските. Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка на демократијата. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
- Во името на Собранието на Република Северна Македонија Ви го честитам православниот Божиќ. Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг. Посакувам овој празник да донесе мир, хармонија и радост во вашите срца и вашите семејства. Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас. Честит Божиќ! пишува во честитката претседателот на Собранието Африм Гаши.
- Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме, да се помириме и да се сплотиме околу трајните вредности. Ова е можност да градиме човечно, солидарно и праведно општество во кое ќе владеат праведни закони. Ова е денот кога ќе можеме да си ја повратиме нашата самодоверба, нашето достоинство и гордост што ќе ни помогне повторно да чекориме во изградба на државата и во сочувување на нацијата, стои во честитката од Социјалистичката партија.
-
Aлександар Динев
Сите содржини од овој новинар