Македонија
27. August 2016 - 12:13

Фитнес-зона во Спортско-рекреативниот центар во Гевгелија

Спортско-рекреативниот центар во Гевгелија, лоциран во кругот на поранешната Касарна, ќе се дооформува со уредување фитнес-зона за рекреација на граѓаните.

Општина Гевгелија потврди дека се обезбедени соодветната локација, комунални и електро приклучоци, а Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија ќе набави опрема за оформување на фитнес зоната.

Во рамки на спортско-рекреативниот центар веќе функционираат две тениски и едно мултинаменско игралиште кои се масовно посетени и користени од младите за чија комоција почна да се уредува и услужен пункт со поставување барака која постепено ќе се комплетира со потребните содржини.

Ново на Сител