Финска по четврти пат светски шампион во хокеј на мраз
Репрезентацијата на Финска го освои домашниот светски шампионат во хокеј на мраз. Во финалето во Тампере, Финците вечерва извојуваа победа над Канада со 4:3 по продолжение.
Канада го отвори резултатот во првиот период со голот на Дилан Козенс. Втората третина помина без погодоци, а во третиот период Финците направија прсврт со три постигнати гола. Двоен стрелец беше Микаел Гранлунд, уште еден гол постигна Џоел Арми. Сепак, Канаѓаните успеаја да се спасат од пораз во последните минути и го однесоа натпреварот во продолжение. Головите ги постигнаа дефанзивецот Зак Вајтклауд и Макс Комтуа.
Во продолжението, Финците повторно искористија играч повеќе. Победничкиот гол го постигна Салават Сакари Манинен.
Да напоменеме дека Финска и Канада трет пат по ред играа во финалето на Светското првенство. Севкупно, Финците го освојуваат Светското првенство по четврти пат во својата историја.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд