Финска ги олеснува критериумите за влез на странски државјани

Со цел да забележи поголем број туристички и деловни посети, Финска ќе ги олесни строгите критериуми што важат за влез на странски државјани во земјата поради пандемијата на коронавирусот.
Според сегашните прописи, влезот во Финска е забранет за државјани на земји каде што зачестеноста на инфекцијата со коронавирус е над 8-10 случаи на 100.000 жители, со што се погодени голем број европски земји, вклучувајќи ја и соседна Шведска.
Сепак, од 19 септември тој праг ќе се искачи на 25 заразени на 100.000 жители, а патниците од земји со повисоки стапки на инфекција ќе можат да влезат со приложениот доказ за негативен тест на коронавирус, но во тој случај важи обврската за самоизолација од две недели или додека не се приложат докази за друг негативен тест.
Со 7,8 заразени на 100 000 жители, Финска веќе две недели бележи една од најниските стапки на инфекција со коронавирус во Европа, наведува „Ројтерс“.
Ново на Сител
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
