-->
-->
Филмот „Џган“ во натпреварувачката селекција на фестивалот во Гетеборг
-->
Филмот „Џган“ (англиски наслов „Amok“) по сценарио и режија на Вардан Тозија, на 29 јануари ќе биде прикажан во натпреварувачката селекција на Филмскиот фестивал во Гетеборг, Шведска, соопшти македонскиот продуцент на филмот „Дрим фектори“.
Филмот, кој е снимен со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на РМ и SEE Cinema network, светска премиера имаше во Чикаго, а потоа и неколку прикажувања и награди во Европа.
Главните улоги ги играат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски.
Филмскиот фестивал во Гетеборг се одржува од 1979 година и е водечки во нордиските земји. Минатата година фестивалот имал 450 филмови од 84 земји и над 130.000 посетители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче