Филм, изложба и ревија за завршување на проектот „Против насилство - под исто небо“
Со модна ревија на традиционални облеки, изложба на цртежи и изработки, како и заеднички направена музика од учениците од ООУ„Лазо Трповски“ - Карпош и ООУ „Лирија“ - Чаир, денеска и официјално ќе биде заокружен проектот „Против насилство - под исто небо“.
На манифестацијата ќе биде прикажан и краткиот филм „Под исто небо“ во режија на Јане Алтипармаков, а ќе се одржи и изложба на фотографии од Наташа Гелева. И филмот и изложбата ги доловуваат заедничките активности на учениците, реализирани во рамки на проектот.
- Манифестацијата има за цел да ја донесе пораката за успешна соработка меѓу сите учесници во проектот, за умешноста на соживотот и придонесот на секоја индивидуа во она што значи живеење под исто небо, информираат координаторите на проектот Татјана Бошковиќ и Соња Јовановска.
Тие воедно ќе ги прогласат тројцата наградени на литературниот конкурс на темата „Против насилство-под исто небо“!
Проектот „Против насилство-под исто небо“! го реализираа Младинскиот центар за еднакви можности и неформалната група граѓани поддржани од програмата Цивика мобилитас. Civica Mobilitas.
Ново на Сител
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда