-->
-->
Филипче за Денот на трудот упатува благодарност до медицинскиот персонал во земјава
-->
За Денот на трудот Министерот за здравство, Венко Филипче упатува благодарност до медицинските работници преку својот фејсбук профил.
„Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до сите здравствени работници. Тие неуморно се борат за зачувување на јавното здравје. Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте се на своите работни места.
До сите граѓани апелирам почитувајте ги мерките за заштита, носете лична заштита за уста и нос, држете дистанца, почитувајте го ограничувањето на движењето.
Заштитете се себе и сите оние кои неуморно работат во служба на нашето општество.
Заедно ќе надминеме“, вели Министерот за здравство на својот фејсбук профил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска