Филипче: Се блокираат средствата од СБ за квалитетен третман на пациентите со Ковид-19
Министерот за здравство Венко Филипче изразува жалење и не разбира зошто од страна на дополнителната заменик-министерка за финансии се блокираат средствата од Светска банка наменети, меѓу другото, за здравствениот систем да може да одговори на потребите на пациентите со Ковид-19.
– Навистина жалам што дополнителната заменик-министерка не го потпишува заемот. Имавме прашања од нејзина страна на кои одговоривме осум пати. Станува збор за кредит, помош што е од Светска банка за оваа намена за поддршка на здравствените системи. Во светот кредити земале повеќе од 100 земји и тоа е итен и брз кредит, а ние два месеца одговараме на прашањата на дополнителата заменик минситерка, рече Филиче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Тој појасни дека средствата се за опремување на инфективните одделенија во целата држава, за интензинва нега низ целата држава, кревети, респиратори, аспиратори, мобилни ренген апарати и се што значи квалитетен третман на овие пациентите.
– Не можам да ја сфатам причината зошто се прави тоа и се прави сериозен хендикеп на здравствениот систем во оваа фаза, кога сите земји во светот го прават тоа, и кога не знаеме што не чека од септември, кога сите земји предвидуваат уште еден посилен бран, рече Филипче и додаде дека кога ја имаме шансата за брз кредит сега имаме ваков проблем.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
-
Власта и опозицијата повторно се судрија за пензиите, кој доби, а кој загуби со линеарното покачување
-
Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори