Филипче поднесе оставка
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната вонредна прес конференција си поднесе оставка поради морална одговорност за пожарот во Тетово.
- Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите. Сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Почитувани како лекар и министер имам интегритет затоа денес од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев, изјави Филипче.
Инаку, пред оставката на Филипче, попладнево оставки од функцијата поднесоа и заменик министерот за здравство д-р Илир Хасани, директорот на болницата во Тетово д-р Флорин Бесими, како и економскиот директор на тетовската болница Артан Етеми. Сите како причина за поднесување оставка наведуваат морална одговорност за пожарот во тетовската модуларна ковид болница каде загинаа 14 лица.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
