Филипче: Одговорно тврдам, ништо не недостасува од заштитна опрема за медицинскиот персонал

Одговорно тврдам дека ништо не недостасува, а има и доволни количини во резерва. Игор Јанушев, исто како и Мицкоски се обидува да ја изманипулира јавноста. Минатиот пат, Мицкоски свесно манипулираше дека нема тестови, а овој пат лагата е дека нема заштитна опрема за медицинскиот персонал.
Ова го објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил, по повод обвинувањата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, дека медицинскиот персонал има недостиг од визири, ракавици и заштитни маски и побара итно да одвои фонд од 10 милиони евра, што ќе биде наменет за набавка на заштитна опрема.
– Минатата недела е направена инспекциска контрола во 79 здравствени установи од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и во ниедна не е забележан недостиг на опрема, напиша Филипче.
Истакнува дека дополнително, во тек е набавка за дополнување на резервите за што е распишана покана за јавна набавка објавена на веб-страницата на Министерството за здравство и тоа за: 12.000 маски N95 или сличен стандард, 20.000 скафандери, 500.000 хируршки маски, 5.000 визири и 1.200 гумени скафандери.
– Не ја разбирам потребата постојано да се лаже и манипулира јавноста на тема која и онака ги држи граѓаните во страв и неизвесност. Ова однесување на опозицијата не носи добро никому и многу одмага во борбата со коронавирусот, објави Филипче на својот Фејсбук профил.
Јанушев исто така побара државата да склучи договори со домашните текстилни фабрики кои се соочуваат се откажување на договори за работа и преку нив да се обезбедат 100.000 скафандери, 100.000 визири и 1.000.000 заштитни маски, но и да се направи интервентен увоз на 1.000.000 ракавици, што според него ќе се помогне домашната текстилна индустрија.
Ново на Сител
-

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак
-

Грчките земјоделци во четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција
-

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела
-

Уапсени двајца кавадарчани бидејќи украле клупа која припаѓа на општината
-

При ископ на земјиште во гостиварско пронајден цел арсенал оружје и муниција
-

Уапсена 36-годишна жена од Демир Капија, си го истепала сопругот
-

Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила
-

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, ќе има законски измени
