Филипче: Од 16 август забранет влез за невакцинирани во угостителски објекти на затворено и отворено
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција појасни дека забранетиот влез за невакцинирани од 16 август ќе важи само за организираните настани и за угостителските објекти, како на затворено така и на отворено.
- Тоа важи само за настани и угостителски објекти и на затворено и на отворено. Нема одлука за институциите. Апелирам до сите приватни и државни институции кои работат со голема бројка на луѓе, истите да ги поттикнат вработените да се вакцинираат, рече Филипче пред новинарите.
Министерот смета дека рок од само една недела е разумен период да се реорганизираат настаните и оние кои планирале свадби и подвлече дека вакцината е единствениот механизам со кој може да се смени сликата на пандемијата.
Тој истакна дека последните мерки сепак биле најавувани подолго време, иако за јавноста дојдоа сосема неочекувано.
„Воопшто не е доцна за овие мерки, ова се работи кои ги најавувавме и го чекавме моментот. Евидентниот раст на број на пациенти започна и сметаме дека е добар период, бидејќи доаѓа период на месеци кога поголем број на луѓе ќе бидат во затворено.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава