Филипче на средба со пензионерите – Од голема важност да се вакцинираат против коронавирусот бидејќи се во најризичната група
На барање на пензионерите од Скопје, денеска министерот за здравство Венко Филипче, оствари средба во Сојузот на здруженија на пензионери.
– На средбата зборувавме за прашања од сферата на здравствена заштита на пензионерите, за грижата која ја искажуваме кон нив со укинување на квотите за лековите, бесплатна вакцинација против сезонски грип за нив, бесплатно болничко лекување за пензионери со ниска пензија,објави на својот фејсбук профил.
Тој додаде дека на средбата станало збор и за ковид вакцинацијата која започна во нашата земја.
-Апелирав дека од голема важност е пензионерите да се вакцинираат, против коронавирусот бидејќи се во најризичната група и најголем дел од нив се со хронични заболувања, пишува министерот Филипче, на својот фејсбук профил.
Ново на Сител
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Преглед на вестите од светот
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода