Македонија
4. August 2021 - 9:57

Филипче: Мојот официјален твитер профил е повторно активен

Од утрово е активен твитер профилот @VFilipche на министерот за здравство д-р Венко Филипче. Откако стана повторно активен, тој посака „Добро утро“.

„Добро утро. Мојот официјален твитер профил е повторно активен. Се читаме“, порача Филипче.

Твитер профилот на министерот Филипче беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација.