-->
-->
Филипче: Добар гест и добар систем во Србија, не треба да се дозволи да помине рокот на вакцините и да се уништат
-->

Во вечерашното гостување во Дневникот на Сител, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека е пријателски гестот на соседна Србија што ги отвори своите врати за вакцинација на граѓани од соседните земји.
-Ова е уште еден пријателски гест, не само кон нашата туку кон сите соседни земји. Заминале граѓани од нашата земја, од Црна Гора, од Босна и тоа е за поздравување. Србија ни донираше една голема количина на вакцини со кои ние ги вакциниравме сите здравствени работници кои работат со Ковид пациенти. И ова е многу добар гест и еден многу добар систем, во моментов кога е борба за секоја една вакцина, треба секоја вакцина да се искористи максимално и да не се дозволи да помине рокот или да се уништи, рече Филипче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Облачно со дожд и ветер
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
