Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
„Или си СДСМ или не си“, му порача денеска лидерот на опозициската партија Венко Филипче на поранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски, цитирајќи негова изјава како одговор на новинарско прашање да даде коментар за фотографијата која беше објавена на социјалните медиуми, а на која Црвенковски е со претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ.
Филипче денеска на прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање во врска со фотографијата, на која, како што објавија дел од медиумите, Црвенковски бил на вечера во еден охридски ресторан се актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Саше Донев, како и со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Горговска, одговори дека може само да го цитира поранешниот лидер.
-Во однос на сликата која излезе на социјалните медиуми вчера од поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски јас можам само да го цитирам поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски а тоа е: „Или си СДСМ или не си“, рече Филипче.
МИА
Ново на Сител
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија