Филипче: ДКСК да ја утврди фактичката состојба со мојот имот, а потоа ќе барам Мицкоски да ми се извини
Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека е добро што ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата за неговиот имот за да се утврди фактичката состојба, а потоа, како што рече, ќе побара јавно извинување од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.
- Добро е што ВМРО-ДПМНЕ даде нешто како иницијатива во институција за дефинитивно да се расчисти и откога Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го анализира случајот, а апелирам тоа да се случи што побрзо и да излезат со став и да кажат каква е фактичката ситуација, ќе барам од премиерот Мицкоски јавно да ми се извини, исто како што излезе во јавноста во текот на вчерашниот ден на интервју да ја каже таа лага, рече Филипче во одговор на новинарско прашање дека дал два различни имотни листови како министер и како пратеник.
Според него, неговиот имотен лист е идентичен, односно кога ќе се видел вкупниот имот се работело за иста квадратура, а единствената разлика била во начинот на пријавување.
- Во претходниот имотен лист не се става, а сега има простор да се стават имотни листови како документи. Кога ќе се анализира сето тоа ќе се види дека е исто, рече Филипче, кој во Струмица присутвуваше на промоцијата на градскиот електричен превоз во Струмица.
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева вчера на прес-конференција најави дека ќе поднесат претставка до ДКСК со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Филипче од 2018 и 2024 година, од кои, како што рече, јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветствуваат еден со друг.
Таа информира дека Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година, како и стан од 130 метри квадратни, стекнат како подарок во 2016 година. Додека, пак, како што рече, на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.
Ново на Сител
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?