Филипче: Да се истражи и реши случајот со фондацијата „Допир“
Министерот за здравство Венко Филипче денеска од Штип повика истражните органи да го истражат и решат случајот со измамата на фондацијата „Допир“ која преку лажни приказни за болни деца украла 50 илјади евра од хумани граѓани.
Тој посочи дека за вакви случаи алармирале и претходно бидејќи по реакциите во јавноста дека државата не дава пари за лекување на болни деца, сами го проверувале секој случај одделно.
– Ние јавно укажуваме дека на ниту едно дете, ниту на возрасен пациент, не му е скратено правото да се лекува во странство. Инициравме дури и проверки преку мобилните оператори дали станува збор за услуга што не се прави во нашата земја и дали воопшто постојат такви пациенти, изјави Филипче.
Одговарајќи на новинарски прашања за тоа колкав е бројот на деца и возрасни пациенти на кои им е потребно лекување во странство, Филипче рече дека точниот број не го знае, но оти во текот на минатите години за лекување во странство се одвојувале од седум до осум милиони евра. Оваа сума, како што посочи, се намалува бидејќи како Министерство се обидуваат да ја зголемат експертизата на македонските лекари.
– Тоа веќе почна да се имплементира во две специјалности. Едната е кардиохиругијата каде благодарение на нашиот експерт кој доаѓа од Франкфурт, веќе на нашата Клиника се изведуваат и најсложените опрации. Досега седум до осум пациенти се третирани кај нас, истакна Филипче.
Втората специјалност е трансплатацијата на коскена срцевина, а откако е воведена од Нова Година, како што посочи Филипче, ниту еден пациент не е испратен во странство. Најави дека во наредниот период ќе продолж експертизата на лекарите и во другите специјалости.
Ново на Сител
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди