Филаделфија го зеде Тобајас Харис и продолжува да гради силен тим
Филаделфија продолжи со граењето на многу силен тим, откако вчера го привлече Тобајас Харис, а притоа не мораше да се откаже од ништо важно. Во размената со Клиперс, заедно со одличниот Харис во 76-ерс пристигнаа Бобан Марјановиќ и Мајк Скот, а во спротивна насока отиде Вилсон Чендлер, Мајк Мускало и Ландри Шамет и два избора од првиот круг на Драфтот во 2020 и 2021 година.
Со доаѓањето на Харис, акциите на Филаделфија на Истокот растат, но останува да се види како во текот на летото ќе се преговара за неговиот договор и за оној на Џими Батлер.
Харис оваа сезона во просек уфрла по 20,7 поени и беше прво име на Клиперс.
Неоќеска тргуваа и Лејкерс, но не со Пеликанс, откако преговорите за Ентони Дејвис засега се стопирани. Тие направија договор со Детроит Пистонс откако го зедоа Реџи Булок, кој во просек уфрла по 12 поени по натпревар оваа сезона, а се откажа од Свјатослав Михаилук од Украина и избор во вториот круг од Драфтот.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот