-->
-->
ФИФА ја казни ФФМ со 5.000 швајцарски франци
-->
Светската фудбалска асоцијација (ФИЈА) ја казни Фудбалската федерација на Македонија со парична казна од 5.000 швајцарски франци.
ФФМ е казнета поради неодговорното однесување на малкумина од над 30-те илјади присутни гледачи на арената „Филип Втори“ во Скопје, кои го следеа натпреварот меѓу Македонија и Италија кој се одигра во рамки на квалификацискиите за Светското првенство што во 2018 година ќе се игра во Русија.
ФФМ ќе треба да плаќа казни поради недолично однесување на гледачите, пред се поради неколкумината навивачи кои по самото завршување на натпреварот, кој заврши со победа на „азурите“ со 2-3, влегоа на теренот во обид да стигнат до италијанските фудбалски ѕвезди.
Казната кон ФФМ е во паричен износ од 5.000 швајцарски франци, но и дополнителна опомена, дека секој нареден инцидент ќе биде построго санкциониран.
Забелешките се однесуваат и на честото користење на ласери како и свирчиња од трибините, но конкретната казна се однесува на инцидентот за влегување на терен по натпреварот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот