Фицо: Пред следниот бран на мигранти не штити само лошото време
Според словачкиот премиер Роберт Фицо, актуелното намалување на бројот на мигрантите е поради лошите временски услови и тој смета дека миграцискиот бран ќе достигне кулминација оваа пролет, јави дописникот на МИА.
- Секојдневно, на тлото на ЕУ влегуваат илјадници мигранти. Единственото нешто што не штити е времето, рече Фицо на прес конференција.
Тој повторно упати критики дека не функционира заштитата на надворешната Шенгенска граница.
- Воопшто не функционираат т.н влезни станици, каде луѓето треба да се контролираат и одделуваат економските мигранти од другите, истакна претседателот на словачката Влада.
Тој уште еднаш предупреди на безбедносните ризици, кои според него ги носи миграцијата и вети дека неговата Влада ќе им посвети внимание во наредните месеци.
Степенот на закани од терористички напади за Фицо и понатаму е многу висок, за што според него покажуваат и неодамнешните случувања во Германија, кога беа евакуирани неколку железнички станици и беа откажани неколку големи настани.
Тој соопшти дека словачкиот Владин Кабинет на крајот на минатата година презел голем број безбедносни мерки, за што не била информирана јавноста за да не бидат ,,Словаците исплашени и изнервирани".
Ново на Сител
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија