Фицо: Постои апослутна поврзаност меѓу миграцијата и тероризмот
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека постои апослутна поврзаност меѓу миграцијата и тероризмот, бидејќи со неконтролираниот прилив на мигранти им се отвора можност на потенцијалните терористи да се уфралат на европско тло.
- Јасно е дека потенцијалните терористи можат да ја исористат неконтолираната миграција не само за доаѓање, туку и за уфрлување на оружје и експлозиви, изјави Фицо на прес-конференција во Братислава.
Со миграцијата, според него, се создава потенцијал за терористички напади, па затоа постои голема веројатност за извршување нови индивидуални акти на тероризам во Европа.
Фицо нагласи дека според некои безбедосни експерти, во Европа има голем број мигранти, чии намери не се познати.
- Секој може да ја мине границата кога има огромен прилив на илегални мигранти. Само Господ знае што тие носат во ранците покрај храна и облека, додаде Фицо.
Ново на Сител
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?