ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење.
„Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека ФФМ нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една недела“, соопшти ФФМ.
Реакцијата доаѓа откако претходно денеска весникот „Слободен печат“, повикувајќи се на неименувани изври од затворот „Шутка“, објави дека поранешниот фудбалер и македонски репрезентативец Данчо Масев, кој пред два месеци беше именуван за директор на фудбалската А-репрезентација на Македонија, од пред една недела е во притвор.
„Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го ставаме на органите на Законот во државата. Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс без да се акцентираат личните постапки, а каква било одговорност ќе биде утврдена од законските органи“, се додава во соопштието на ФФМ.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години