Фетел: Возев 100 круга помалку од планираното
Пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел не е загрижен поради фактот што техничките проблеми не му дозволија да вози значителен број кругови на тестовите викендот во Бахреин.
Фетел е последен на листата од сите пилоти во Формула 1 со 117 круга, додека неговиот тимски колега Ленс Строл е седми со 197 тест круга.
– Секако, би сакал да возам повеќе кругови, ова е најважното нешто. Неделата се покажа како многу напорна, се обидов да го искористам времето паметно – мислам дека успеав. Сè мина многу добро, научив многу. Сега треба да ги запомниме сите овие работи, да дадеме повратни информации и да продолжиме напред. Во принцип, возев, можеби, некаде за 100 круга помалку, приближно истото се однесува и за Ленс. Се разбира, двајцата не го добивме тоа што го сакавме, но тоа не е толку важно, истакна Фетел.
Првата трка е прва трка, проследена со уште 22 гран при, така што има многу време пред нас, ќе имаме напорна сезона. Ајде да се обидеме да започнеме добро. Сигурен сум дека ќе ги решиме овие мали проблеми и за две недели ќе бидеме во подобра форма, изјави Фетел.
Новата сезона во Светскиот шампион во Формула 1 ќе стартува на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија