-->
-->
Фер-плеј:Лајпциг бара преигрување на добиен меч?!
-->
Германскиот фудбалски второлигаш РБ Лајпциг понуди преигрување на натпреварот од првото коло од Купот против третолигашот Оснабрик, кој во понеделникот беше прекинат откако главниот судија беше погоден со запалка во глава.
Во моментот на прекинот домаќинот Оснабрик имаше водство од 1-0.
„На теренот паѓаа запалки, чаши и други предмети и беа насочени кон играчите. Такашто сигурно не се работи за еден виновник. Како и да е, нудиме да се одигра нов натпревар бидејќи нашиот тим сака да биде чесен“, рече тренерот на Лајпциг Ралф Рангник.
Локалната полиција објави дека трага по сторителот кој го погоди судијата, додека Германскиот фудбалски сојуз најави казна.
„Посебна комисија започна истрага, додека нашите спортски тела ќе одлучат за исходот на натпреварот. Покрај тоа разгледуваме правни санкции за домашниот клуб“, рече портпаролот на фудбалскиот сојуз, Ралф Кеткер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ
-
Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
-
Матурант од Струмица пронајден мртов