Фекална и атмосферска канализација на улицата „Товарник“ во Ченто

На улицата „Товарник“ во населбата Ченто се работи на изградба на колектор за фекална канализација и на поставување колектор за атмосферска канализација.
Градоначалникот Тони Трајковски, кој денеска беше во Ченто, истакна дека со години голем број од куќите биле приклучени на канализацијата на несоодветен начин.
- Со реализацијата на проектот овие проблеми ќе бидат решени, а опфатени се околу 200 куќи. Во првата фаза од проектот изградени се 240 метри атмосферска и фекална канализација со вредност од околу 1,7 милиони денари. Во втората фаза ќе се изведат 438 метри фекална и атмосферска канализација во вредност од 4,2 милиони денари или околу 6 милиони денари, рече Трајковски.
Тој информира дека летниот период ќе се искористи за изградба на фекални и атмосферски канализации во повеќе населени места.
- Во моментов се работи на изградба на атмосферска канализација во Триангла и на фекалната канализација во Трубарево. Деновиве ќе се распише оглас за фекалната канализација во Јурумлери, а за краток период ќе се подготви тендерската документација за фекалната канализација во Смилковци, нагласи Трајковски.
Ново на Сител
-

Италија прв финалист во Дејвис купот
-

Трамп разговараше со Мамдани за трошоците за живот во Њујорк, го оценија состанокот како продуктивен
-

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар
-

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија
-

Венс: „Фантазија“ е да се помисли дека Украина може да победи со повеќе пари и оружје од САД
-

Доделување на државната награда „22 Ноември“
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена седница по повод Денот на албанската азбука
-

Белгија не е задоволна од ветените „гаранции“ за користењето на замрзнатите руски средства
