Фејсбук отстрани десетици илјади лажни профили пред изборите во Германија
Социјалната мрежа Фејсбук, неколку недели пред парламентарните избори во Германија, кои се одржаа на 24 септември, отстрани десетици илјади лажни профили регистрирани во Федералната Република, изјави портпаролот на Фејсбук, Ричард Ален.
- По извештаите за странско мешање во претседателските избори во САД и во Франција, соработувавме со германските власти за неколку иницијативи за борба против дезинформации за да го направиме Фејсбук побезбедна средина за природно вклучување на граѓаните во општествениот живот, рече Ален.
За да се спречи злоупотреба на платформата, тој посочи дека почнале нова иницијатива за отстранување лажни профили за сомнителни активности.
Претходно, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека нема никакви траги од мешање во исходот на резултатите на германските избори преку социјалната мрежа.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи