-->
-->
Федерер има намера да игра на Австралија опен
-->
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го заврши закрепнувањето од две операции на повреденото колено и ги започнува подготовките за следната сезона.
Триесет и деветгодишниот Федерер ова го соопшти во интервју за швајцарскиот магазин „Schweizer Illustrierte“.
-Јас сум на вистинскиот пат. Постепено ја враќам формата, но не форсирам. Ќе се вратам на мечевите само ако сум сто проценти подготвен. Во моментов мислам дека ќе бидам во таква форма за Австралија опен во јануари 2021 година, кажа сопственикот на 20 титули од Грен слем турнирите.
Федерер не учествуваше на натпревари од февруари годинава, паузирајќи од здравствени причини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Боки 13 осуден на пет години затвор за измама и перење пари
-
Филипче: СДСМ се враќа
-
Мицкоски: Нашите градоначалници покажаа како се работи
-
Ѓорѓиевски: Дигитално Скопје – град без хартија
-
Шукова: Инвестиции во пешачката и велосипедската инфраструктура
-
Директор на училиште вршел притисоци
-
Рибарски мрежи извадени од Охридското езеро
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции и поголема промоција на пчелните производи