Тенис
15. јуни 2017 - 13:52

ФЕД куп: Македонија го совлада Камерун со 3-0

Женската тениска репрезентација на Македонија ја постигна првата победа на ФЕД купот што се одржува во Кишињев, Молдавија во рамките на Третата Евро-африканска зона. Македонија денеска со максимлани 3-0 го победи Камерун.
Во првиот меч Викторија Веселинова ја совлада Венус Миранде Нгоне Хагал со 6-1 и 6-0 во гемови. Во вториот меч Нора Христовска загуби четири гема и беше 6-2 и 6-2 во гемови против Мануела Пеги Елунду.
Во игра на двојки Христовска и Веселинова ги победија сестрите Елунду со 6-1 и 6-0 во гемови.
Утре во мечот од третото коло од групата Македонија ќе игра против Финска.