-->
-->
ФДА: Несакани реакции на вакцината на Модерна кај луѓе со филери
-->
Советодавниот одбор на американската Управа за храна и лекови – ФДА, која ја анализира вакцината на компанијата „Модерна“ против коронавирусот, забележа одредени несакани ефекти кај луѓето кои имале филери.
– Во овие случаи, сите пациенти имаа оток и воспаление во областа каде што луѓето имале ставено филер. Неколку пациенти имаа филери во образите шест месеци пред да ја примат вакцината, а еден имаше филер во усните два дена по аплицирање на вакцината. Сите лица беа третирани со стероиди и антихистамини и сите нивни реакции се решија, рече дерматологот Ширли Чи.
Чи додаде дека станува збор за имунолошка реакција на вакцината, јави Еј-Би-Си
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу пари од унгарскиот кредит општините ќе потрошат за патишта
-
Казни за пешаците кои зборуваат на мобилен додека минуваат улица
-
Сител сторија: Единствениот дипломиран оџачар во Македонија е жена
-
5 деца само годинава се обиделе да се самоубијат, Меѓаши бележи пораст на нарушено ментално здравје
-
Обложувалници “Спорт Лаиф” реализираа донација од 4 милиони денари за дигестивниот оддел во Клиниката “Св. Наум Охридски”
-
Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни