Фатени двајца бегалци од затвор
На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.
Ново на Сител
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан