Македонија
25. August 2022 - 10:28

Фатен крадец на дело во Скопје

–  Полициски службеници од Полициската станица Центар синоќа во 23.15 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје кој бил затекнат при обид да одземе предмет од управна зграда на Дирекција на „Пошта на Северна Македонија“.
Како што информираат од МВР, малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.