Фалангата со Македонска песна по 2 400 поминати километри со автобус стигна во Данска

На два дена пред почетокот на Европското првенство во Данска, кога нашите ракометари ги одработуваа последните подготовки за она што ќе следува вечерва во Хернинг, Данска, од Скопје на пат тргнаа најверните македонски навивачи – осмиот играч на ракометната репрезентација.
Екипата полека се екипираше и со автобус го започна своето долго патување. Тргнувањето за Данска се поклопуваше со стара-нова година и празникот Василица, па истото започна со традиционалното кршење лепче, а среќниот добитник на паричката доби задача следната година, на пат кон Германија, на уште едно Светско првенство, да го организира заедничкото одбележување.
Освен кршењето лепче, ниту патот за Данска не можеше да помине без квалитетна македонска ракија, салата и традиционална македонска храна, а сето тоа надополнето со македонска песна.
Како што поминуваше патот, така растеше и еуфоријата за претстојното првенство, се менуваше репертоарот на песни, но атмосферата остануваше на високо ниво.
Голем дел од фалангата ја следи Македонија на речиси секое натпреварување. За Данска тргнуваат со позитивна мисла и желба за добар резултат и радост и на теренот и на трибините.
Долгото патување бараше и соодветни паузи и застанувања, а на патот од Македонија, преку Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Германија и Данска, секаде се слушаше македонска песна.
По 18-часовно патување, првата епизода ја завршивме во Прага, преубавиот чешки град, каде што ја поминавме ноќта, за следниот ден да тргнеме за Данска.
Ноќта помеѓу 15 и 16 поминавме нови 1.000 километри од Прага до Архус, повторно во одлична атмосфера и со последни подготовки за репертоарот на песни за вечерашната средба.
Фалангата сега жива и здрава е во Архус, од каде што вечерва ќе се упати за Хернинг, каде што ќе се игра вечерашниот натпревар Данска – Македонија, со почеток од 20:30 часот.
Од Данска – Кирил Стојанов
Ново на Сител
-

Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран
-

Иран и САД влегуваат во клучна рунда преговори во Женева
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
-

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-

Сончево со слаб ветер, температура до 16 степени
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
