-->
-->
Факултетот за физичко образовани, спорт и здравје, ги промовира новите публикации
-->
Најзначајната едукативна институција во државата од областа на спортот, Факултетот за физичко образовани, спорт и здравје, покрај редовните ангажмани на факултетот може да се пофали и со две исклучително квалитетни стручни публикации, кои ќе бидат промовирани денеска.
Списанието „Кондиција’’ кое излегува полугодишно денеска ќе биде промовиран третиот број, а веќе етаблираното списание, не само меѓу студентите од факултетот туку и пошироко „Истражување во физичкото образуванине, спортот и здравјето (Research in physical education, sport and health), кое има своето осмо издание.
Во содржините на овие модерни списанија, покрај на професорите од Факултетот за физичко образовани, спорт и здравје, свои презентации, видувања, анализи и трудови има и еминентни професори, тренери, спортски работници од поширокото опкружување.
„Списанијата се изготвуваат со една цел. Да ги доближиме основните, модерните и најсовремени методи во работата на секој гранка од спортот поединечно, и не само на од областа на спортот туку и од аспект на физичкото образование, кинезиологијата, спортскиот менаџмент, здравје и се она што е поврзано со спортот како мултидисциплинарна гранка на општественото живеење’’, изјави Деканот на факултетот Проф. Д-р. Вујица Живковиќ.
За значењето и целта на овие стручни списанија повеќе Деканот на факултетот Живковиќ, ќе елаборира пред присутните на свеченоста која ќе се одржи попладнево од 12 часот и 30 минути, во х. „Томче Софка’’ во Скопје каде од име на факултетот ќе бидат доделени и признанија за сите кои со својот ангажман придонеле за развојот и афирмацијата не само на оваа институција туку и воопшто на спортот во Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково