-->
-->
Ф-1: Доминација на Хамилтон пред домашната публика
-->
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон со доминантно возење ја освои трката за Големата награда на Велика Британија, која во неделата се возеше на патеката во Силверстон. И покрај победата на Хамилтон, возач на трката е неговиот колега Валтери Ботас, кој стартуваше од деветтата позиција, а на крајот заврши на второто место.
Хамилтон во целта оствари време 1:21:27.430 часа и успеа да собори неколку рекорди. Тој го исвозе најбрзиот круг во истроијата на британското гран при (1:30.621 минути). Денешната победа му беше четврта во низа на Силварстон, а вкупно петта во кариерата (2008, 2014, 2015, 2016, 2017) со што се израмни според бројот на победите на оваа патека со легендарните Џими Кларк и Алан Прост.
Хамилтон на трката само ја потврди доминацијата на Мерцедес овој викенд на Силверстон, имаше одличен старт не им дозволи на конкурентите да го нападнат, механичарите прецизно си ја изработеа својата работа во боксот, а трката Британецот ја возеше без грешка.
Блескаше и неговиот тимски колега Ботас, кој стратуваше како деветти, а на крајот заврши на второто место. Финецот, во последните осум круга успеа да ги мине двајцата возачи на Ферари, Фетел и Раиконен, кои беа пред него.
Трката која беше беспрекорна за Мерцедес, на крајот се претвори во вистински кошмар за Ферари.
Во претпоследниот круг настрада десниот преден пневматик, но тој успеа некако да стигне до третото место, а во последниот круг експлодира левиот преден пневматик на болидот на Себастијан Фетел. Германецот ги посети своите механичари и на крајот го освои седмото место.
Пред оваа трка Фетел имаше 20 поени предност во однос на Хамилтон, а по Силверстон Германецот има само поен повеќе од Британецот.
Покрај Хамилтон, Ботас и Раиконен бодови на ГН на Велика Британија освоија Ферастапен, Хулкенберг, Рикардо, Фетел, Окон, Перез и Маса.
Во генералниот пласман Фетел има 177 бодови, еден повеќе од Хамилтон, трет е Ботас со 154, а на четвртата позиција е Рикардо со 117 бодови.
Кај конструкторите води Мерцедес со 330 бодови, Ферари има 275, а Ред Бул 174.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат