Преглед на вестите од светот
Младата атлетичарка 24-годишната Ања Радоњиќ од Параќин, им подлегна на повредите по страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад, кога врз неа и врз уште 16 лица падна бетонска настрешница тешка неколку тони. Ања е 15-та жртва на новосадската трагедија. Храбро се бореше за живот 17 дена, но и покрај младата возраст и напорите на лекарите не успеа.
Стотици Срби одржаа протест пред железничката станица во Нови Сад во текот на вчерашниот ден, блокирајќи ја главната крстосница во градот и оставија црвени отпечатоци на патот како антивладини демонстрации, барајќи апсења и оставки по смртоносната катастрофа на железничката станица.
Катастрофата на 1 ноември се случи кога ненадејно се урна покривот на влезот на станицата, при што загинаа 15 лица, а уште две лица тешко повредени.
Демонстрантите ги обоија рацете во црвено иоставија траги на асфалтот за да ја изразат својата фрустрација што никој не е приведен ниту процесуиран поради, како што велат, небрежност и корупција од страна на властите.
Српските опозициски политичари, активисти и групи за права ги обвинуваат властите лојални на Вучиќ и неговата Српска напредна партија за распространета корупција, врски со организираниот криминал, непотизам и прекумерна бирократија.
Неколку луѓе, вклучително и едно дете, се убиени синоќа кога руски проектил погоди станбена зграда во североисточниот регион на Украина Суми. Пријавени се вкупно осум жртви, а уште 10 се повредени. Службите за итни случаи на местото на настанот се справуваат со пожарот во близина на станбена зграда.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање изјави дека ракетите „ќе зборуваат сами за себе“ односно нападите не се прават со зборови и такви работи не се најавуваат. Претседателот на САД во заминување Џо Бајден и дозволил на Украина да користи американски ракети со долг дострел за напади длабоко во територијата на Русија. Според повеќе извори веста е потврдена и ова претставува значајна промена на политиката на Вашингтон во руско-украинскиот конфликт.
Захарова одби да ја коментира одлуката на Бајден да и дозволи на Украина да напаѓа длабоко на руска територија. Зборувајќи за можноста Украина да користи западно оружје за да гаѓа цели на руска територија, Путин во септември рече дека поместувањето на војната понатаму на исток нема да биде крај, „бидејќи војната ќе стигне и до Западот“.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар