Европски суд за човекови права: Љубе Бошкоски немал правично судење
Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење и да повика и да испитува сведоци во текот на судскиот процес против него, по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија Обединети за Македонија за време на изборите во 2011 година.
Како што јави дописникот на МИА, Судот во однос на тужбата на Бошкоски против Република Северна Македонија констатира и дека во текот на целото судење имало „недостиг на правичност“ согласно Европската конвенција за човекови права, поради што пресуди да му бидат исплатени 4.500 евра за нематеријална штета и 1.220 евра за трошоци и расходи.
Бошкоски во тужбата навел дека со посебните процедури за сослушување на заштитениот сведок биле нарушени правата на неговата одбрана и дека одржувањето на три рочишта зад затворени врати претставува повреда на право за одржување на јавна расправа.
Во пресудата Судот за човекови права со седиште во Стразбур посочува дека против Бошкоски беше покрената постапка за „наводна злоупотреба на службената должност и незаконско финансирање на изборна кампања во 2011 година“, под сомнеж дека примил 130.000 евра од еден пријател за финансирање на неговата партија, поради што беше уапсен на 6 јуни 2011 година, еден ден по парламентарните избори и беше задржан во притвор се до крајот на судењето.
Судот посочува дека истражен судија решил да му додели статус на заштитен сведок на пријател на Бошкоски, „водејќи сметка за стравувањата што тој ги изразил во врска со неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство и природата и сериозноста на наводните престапи“. Поради тоа, додава Судот, биле направени посебни прилагодувања за да може да се сослуша сведокот преку систем за видео пренесување, при што неговиот глас беше мутиран, а лицето замаглено.
Трибуналот од Стразбур посочува дека во 2011 година судијата од Основниот суд го прогласи Бошкоски за виновен по обвиненијата и му изрече казна затвор во траење од седум години, засновајќи ја својата одлука врз изјавата на заштитениот сведок и на мислењата на повеќе експерти, на фотографии од конфискуваните пари и на аудио и видео записи што биле презентирани во предметот.
– За време на судењето во прв степен на апелација, жалителот го оспори решението на судијата да му додели на сведокот статус на заштитен сведок, тврдејќи дека таквата мерка е непотребна, бидејќи тој и сведокот биле пријатели и никогаш не му се заканил. Тој, исто така, се жалел и на тоа што одредени сослушувања се одржале зад затворени врати. Апелацискиот суд ја прифати делумно жалбата на жалителот и ја намали казната на пет години затвор, потврдувајќи ја пресудата на првостепениот суд, посочува Европскиот суд.
Во пресудата се додава и дека во 2013 година Врховниот суд на земјава ги потврди пресудите на пониските судови, заклучувајќи дека сите докази против Бошкоски биле собрани законски.
– Поточно, било утврдено дека заштитениот сведок бил сослушан во согласност со законот и дека употребата на систем за пренесување на видео за време на неговото сослушување е практика што ја користеле и другите држави, се наведува во образложението на пресудата на Европскиот суд за човекови права со која се потврдува дека Бошкоски немал правично судење во земјава.
Ново на Сител
-
Директорот кој клечеше пред гимназија во Нови Сад денеска им држел настава на само тројца ученици
-
До крајот на денот облачно со сончеви периоди, од утре дожд и снег
-
Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
-
ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете
-
28 годишник физички нападнал доктор во тетовската болница
-
Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат 30 лица
-
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
-
„Најтажниот ден“ во годината