Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
Групата „Европска народна партија – Европски демократи“ во Европскиот парламент ја повика Европската комисија да реагира на тековните настани во Србија.
– Во Србија мирни демонстранти, вклучително и студенти и малолетници, се тепани, апсени и заплашувани. Нашиот генерален секретар Сандро Гози ја повика ЕК да реагира. Европската Унија не смее да си ги затвора очите – потребна е цврста позиција, со конкретни последици за пристапниот процес на Србија – објави групата на својот профил на „Икс“.
Во објавата се нагласува дека Србија мора да ги почитува основните човекови права доколку сака да стане членка на ЕУ.
– Владеењето на правото не е опционално – се додава.
По трагедијата во Нови Сад минатата година, кога на железничката станица загинаа 16 лица, низ целата земја избувнаа протести. Студенти блокираа повеќе од 60 факултети и станаа предводници на демонстрациите, обвинувајќи го владиниот врв за корупција и непотизам. Последните денови дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што се уапсени стотици лица.
Ново на Сител
-
20 години ОМД
-
Идеологија, солидарност или пари – што ги тера да се борат македонците во Украина и Русија?
-
Украина под огромен руски напад
-
Преглед на вестите од светот
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ