Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји

Меѓународните истражители уапсија 418 осомничени како дел од операцијата насочена кон трговија со лажни лекови и недозволени супстанци во 30 земји, соопшти денеска телото за спроведување на законот на Европската унија, Европол.
Повеќе од 400,000 пакувања „нелегални фармацевтски производи“, речиси 175,000 ампули и над 4,5 милиони таблети биле запленети за време на рациите спроведени меѓу април и ноември минатата година, се вели во соопштението на Европол.
Вкупните заплени на операцијата наречена „Shield V“ се во вредност од повеќе од 11 милиони евра (11,4 милиони долари), се вели во извештајот.
Операцијата беше предводена од француските, грчките, италијанските и шпанските власти, а координирана од Европол.
-Лажните лекови со кои се тргува во ЕУ се во пораст, што носи огромна цена за поединецот и општеството, велат од агенцијата.
Според Европол, во рамките на операцијата биле истражени вкупно 52 организирани криминални групи.
Агенцијата забележа дека „социјалните медиуми и онлајн пазарите, и на темната мрежа“ се централни во трговијата со „фалсификувани фармацевтски производи“.
Службениците за спроведување на законот заплениле широк спектар на лекови, вклучувајќи лекови против болки, лекови за рак, допинг супстанции, хормони и психотропни лекови.
Ново на Сител
-

Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
-

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија
-

Русија го блокира „Снепчет“
-

Меланија Трамп: Уште седум украински деца вратени од Русија
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
