Евролигата доживотно суспендира навивач поради расистички коментари кон судијата
Евролигата, Олимпијакос и сите клубови се посветени на промовирање на различноста и почит. Се стремиме кошарката да ги обедини навивачите и да примени политика на нулта толеранција на нашите настани за какви било активности што се во спротивност со овие вредности, се вели во соопштението на Евролигата.
На 15 декември, за време на натпреварот од Евролигата Олимпијакос – Валенсија, во последната минута од натпреварот, црниот судија од Франција, Жозеф Бисанг, ја прекина играта и отиде на записничката масата, барајќи да се забележи дека бил изложен на расни навреди. Конкретно, му беа изговорени зборовите „Оди во пеколот, црн мајмун“.
Исто така, се известува дека Олимпијакос го откажал сезонскиот билет на навивачот по инцидентот и најавил дека ќе му биде забрането да присуствува на натпреварите на тимот.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја