-->
-->
Евролига: Звезда загуби по водство од 21 поен
-->

Седум натпревари од шестото коло во кошаркарската Евролига се одиграа во четвртокот. Перо Антиќ постигна 10 поени во убедливиот триумф на Фенербахче во Минхен, додека Црвена ѕвезда испушти предност од 21 поен и загуби во Стразбур.
Фенербахче предводен од Боби Диксон (25 поени, 4 скока, 5 асистенции) и ЛуиџиДатоме (17 поени, 6 скока, 5 асистенции) славеше убедливо во Минхен , над Баерн, со 84:67. Перо Антиќ натпреварот го заврши со 10 поени и по три скока и асистенции.
Црвена ѕвезда, во Стразбур имаше 18 поени предност по првото полувреме, а почетокот на вториот дел и позитива од 21 поен, но го загуби мечот со 78:75. Кошаркарите на Црвена ѕвезда во второто полувреме постигнаа само 23 поени, а во последната четвртина ниту еднаш не погодија од игра, сите 11 поени ги постигнаа од линијата за слободни фрлања.
Жереми Лелу со 24 и Родриго Бобуа со 17 поени го предводеа Стразбур, додека Оливер Милер со 23 поени, 11 скокови и четири блокади бее најефикасен во редовите на Црвена ѕвезда.
Група А:
Баерн-Фенербахче 67:84
Стразбур-Црвена ѕвезда 78:75
Реал Мадрид-Химки 82:85
Група Б:
Цедевита-Олимпијакос 70:83
Лаборал Куча-Армани Милано 92:84
Група Ц:
Жалгирис-Зелена Гора 67:56
Барселона-Каршијака 107:79
Група Д:
Макаби-ЦСКА Москва 82:88.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
