Кошарка
13. November 2015 - 9:01

Евролига: Звезда победи во Минхен, Јовиќ асистент-рекордер!

Плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Стефан Јовиќ, стана нов рекордер во кошаркаската Евролига, откако во победата на неговиот тим во Минхен, над Баерн (90:79), запиша 19 асистенции.
 
Јовиќ, во петтото коло во А групата, го предводеше својот тим до втората победа оваа сезона, натпреварот го заврши со четири поени, пет скока, 19 асистенции, една украдена и две загубени топки.
 
Српскиот репрезентативец во Минхен го надмина рекордот на својот соиграч Маркус Вилијамс, кој минатата сезона против Галатасарај имаше 17 асистенции.