-->
-->
Евролига: Панатинаикос знае како со Фенербахче
-->
Со кошот (тројка) на Никос Папас на една секунда пред крајот Панатинаикос синоќа успеа да го победи европскиот првак Фенербахче со 70:68. Ова беше еден од четирите дуели одиграни синоќа од 4.коло од Евролигата. Кошаркарите на ПАО до триумфот стигнаа откако беа подобри во вториот дел, на полувреме губеа со осум поени (36:44). Одличната одбрана во вториот дел и примените само 24 поени го донесоа триумфот за домашните кошаркари. Папас со 24 поени беше најефикасниот играч на дуелот.
Резултати на натпреварите од 4.коло: Панатинаикос - Фенербахче 70:68, Валенсија - Уникаха 91:53, Бамберг - Басконија 78:72, Анадолу Ефес - ЦСКА 80:98, Црвена Звезда - Макаби 87:84, Жалгирис - Реал Мадрид 66:87, Олимпијакос - Химки 92:75 и Милано - Барселона 78:74.
По комплетирањето на 4.коло само две екипи имаат максимален учинок (четири победи): Реал Мадрид и Олимпијакос, додека две екипи имаат по четири порази (Басконија и Анадолу Ефес).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие