Еврокомисијата организира Меѓународна конференција за сеќавање на Холокаустот

Во рамки на активностите за одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот – 27 јануари, Европската комисијата денеска во Брисел ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Сеќавање на минатото. Обликување на иднината“.
Коорганизатори на Конференцијара се и белгиското претседателство со Советот на ЕУ, хрватското претседателство со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА) и неколку еврејски граѓански организации.
Конференцијата ќе ја отвори потпретседателот на Европската комсија и еврокомесар за промоција на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас, кој, според најавите, ќе го објави проектот „Мрежа на места каде што се случи Колокаустот“.
Станува збор за една од главните иницијативи во рамки на Стратегијата на ЕУ за борба против антисемитизмот и негување на еврејскиот начин на живот (2021-2030), чија цел е зголемување на свеста кај локалното население дека Холокаустот не се случувал само во концентрационите логори, туку и локално во градовите и населените места ширум Европа.
Во пресрет на Конференцијата, Схинас изјави дека колку што се намалува бројот на живи сведоци на Холокаустот, нам ни остануваат да споделуваме извештаите за него,- Локациите и местата каде што се случи Холокаустот стануваат се поважни за зачувување на сечавањето и научените лекции од Шоах, додаде Схинас.
Шоах е хебрејскиот термин за Холокустот на Евреите, што во превод значи „катастрофално уништување“.
Инаку, во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, вчера и денеска се одржува и петтата седница на Работната група на Европската комисија за спроведување на Стратегијата на ЕУ за борба против антисемитизмот и негување на еврејскиот начин на живот (2021-2030).
На седницата претставници на земјите членки на ЕУ и еврејските заедници го разгледуваат постигнатиот напредок во однос на националните стратегии за борба против антисемитизмот.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
