Еврокомесарот Хан во Скопје на разговори за ЕУ агендата
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска и утре е во Скопје на ќе престојува во дводневна посета на Македонија во рамки на која ќе има политички и средби со претставници на граѓанскиот сектор.
Хан ќе има работен ручек со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, по што тие ќе одржат прес-конференција.
Разговорите високиот гостин од Брисел ќе ја продолжи со заедничката средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министрите за внатрешни работи, за правда и за информатичко општество и администрација Оливер Спасовски, Билен Саљији и Дамјан Манчевски.
На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања вицепремиерот Османи ќе ги презентира новите реформски пакети Шест и Девет, кои претставуваат дополнение на Планот 3-6-9, а во кои се содржат реформите кои произлегуваат од сите забелешки, препораки и сугестии во извештаите на Европската Комисија, како и сите други релевантни меѓународни и домашни институции.
Посебен осврт на реформските приоритети во клучните области, правосудството, реформата на безбедносните служби, како и реформите во јавната администрација, во детали ќе ги презентираат соодветните ресорните министри задолжени за нивна подготовка и имплементација, Спасовски, Саљији и Манчевски.
Османи на еврокомесарот Хан, како што е најавено, ќе му ги претстави и клучните делови од Извештајот за имплементација на делот три од Планот 3-6-9, кој, како што наведуваат од СЕП, беше крунисан со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори.
Еврокомесарот Хан потоа во Собранието ќе има средба со спикерот Талат Џафери и со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на Алијансата на Албанците Зијадин Села.
Во рамки на посетата еврокомесарот ќе се сретне и со претставници на невладиниот сектор.
Посетата на Скопје еврокомесарот Хан минатата недела ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.
- Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество. Верувам дека Владата ќе го искористи позитивниот момент и оти ќе ги видиме резултатите од натамошните реформи до крајот на годината. За ова е потребна конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата, објави Хан на својот налог на Твитер.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?